Преминот Рафа нема да биде отворен ниту денеска
Преминот Рафа не се очекува да се отвори денеска за конвој со хуманитарна помош за Газа, изјавија повеќе извори за Си-Ен-Ен.
-Не би се обложувал дека тие камиони ќе поминат утре, изјави извор запознаен со дискусиите.
На египетската страна на тампон зоната, поправките на патиштата мора да бидат завршени, а има и многу други детали на кои треба да се работи за да се осигура дека помошта е одржлива, а не еднократна.
-Тоа е навистина нестабилна ситуација. Овие луѓе чекаа храна, лекови и вода. Ако им кажат дека доаѓаат 20 камиони, а не знаеме кога, тоа ќе создаде навистина опасна ситуација.
Да сум во таква ситуација, да мислам дека нема да има уште камиони, ќе направам се што можам за да го земам тоа што е внатре, рече изворот за Си-Ен-Ен.
Американските власти сега очекуваат првиот конвој камиони со помош за Газа од Египет да ја премине границата овој викенд.
Ново на Сител
-

Во следните три дена прекин во снабдувањето со вода за сите корисници од водоводот Росоки-Дебар
-

Новата сезона во Хераклеа почна со туристи од Шпанија, Франција, Германија и Белгија
-

Гевгелија најтопла со 14 степени, нестабилно време со дожд и грмежи во текот на денот
-

Цените на нафтата пораснаа по изјавата на Трамп дека Кина ќе купува американска нафта
-

Нетанјаху: Ерусалим засекогаш ќе остане под контрола на Израел, Иран никогаш послаб
-

Во Собранието настан посветен на животот и делото на претседателот Борис Трајковски
-

Делови од Автокоманда, Влае, Кисела Вода и Трубарево денеска без вода
-

Трамп и Шји се договориле Кина да не испраќа воена опрема во Иран
