Премиерот Груевски во посета на САД на средба со потпретседателот на САД Бајден
Во функција на интензивирање на билатералните односи и меѓусебната соработка, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во понеделник (11.01.2016 година) ќе оствари посета на Соединетите Американски Држави.
Во рамките на оваа посета на САД, премиерот Груевски ќе оствари средба со потпретседателот на САД, Џо Бајден, во Белата Куќа во Вашингтон.
Се очекува темите на разговор со американскиот потпретседател Бајден да бидат активностите за продлабочување на меѓусебните односи и соработка, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.
Од Владата на Република Македонија ги потврдуваат информациите на МИА.
Ова е втора средба на македонскиот премиер Груевски со американскиот потпретседател Бајден, првата нивна средба се случи во февруари 2011 година.
Оваа претстојна средба е значаен чекор во унпаредувањето на односите меѓу двете земји.
Република Македонија и САД се пријателски земји и имаат блиски меѓусебни односи. Двете земји имаат потпишано и Декларација за стратешко партнерство, и остваруваат блиска соработка на политички и економски теми.
Ново на Сител
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел