Премиера на „Виктор Франкештајн“, „ФX3X“ работеа на ефектите
Научно фантастичната хорор драма „Виктор Франкештајн“ на чии визуелни ефекти работеше и македонската компанија „ФХ3Х“ од вечер ќе се прикажува во Скопје.
Според косопственикот на „ФХ3Х“ Кристијан Даниловски, на овој филм работеле во февруари, а биле ангажирани 20 артисти.
Филмот е во режија на Пол Мекгинан, по сценарио на Макс Лендис работено според новелата на Мери Шели од 1818 година.
Според содржината, додека трагаат по делови на тела од животни во лондонскиот циркус, радикалниот научник Виктор Франкештајн се запознава со надарениот хирург Игор Штросман. Брилијантниот доктор не само што ќе му понуди на Штросман пријателство, туку и можност да работи со него на фантастично откритие кое засекогаш ќе го промени светот. Кога Виктор експериментира со животот и смртта само Игор може да го врати од работ на лудилото и да го спаси од неговата монтсруозна креација.
Главните улоги ги толкуваат Даниел Ретклис, Џејмс Мекавој и Џесика Браун Финдли.
Филмот премиерно беше прикажан на 25 ноември годинава во САД.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација