Премиера на „Сара“ во Велешкиот театар

– Сара е драма за невротичната потреба за љубов, хистеричната потреба за внимание, растроената потреба да се сочува илузијата на секојдневието. Драма за човечкото и животинското во нас, за нагонот кој сака самиот себе да се изрази, но и размисла за последиците од тоа, вели режисерката Теова.
Според авторката на текстот Момева, подобро е да не навлегуваш во мрачните страни на човек затоа што не знаеш што ќе најдеш таму.
– А што би нашол? И можеби тој мрак од кој толку се плашиме сака да биде пополнет со љубов, ќе напише авторката на драмата.
Улогите ги толкуваат: Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Симона Димковска, Кристина Нацева, Самоил Стојановски и Славица Манаскова. Сценограф на претставата и автор на рекламниот материјал е Филип Коруновски, а изборот на музиката е на Орхидеја Дукова.
По премиерата в четврток, првата реприза на претставата ќе биде на 13 февруари.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
