-->
-->
Премиера на претставата „Театар, љубов моја“ во Велешкиот театар
-->

По повод Светскиот ден на театарот вечерва на Малата сцена на театарот „Џинот“ во Велес премиерно ќе ја изведе претставата „Театар, љубов моја“ од Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски.
„Театар, љубов моја“ е прва продукција од Годишната програма на театарот за 2017 година, поддржана од Министерството за култура на Македонија и македонска праизведба на драмскиот текст „Театар, љубов моја“ на бугарскиот автор Валери Петров, напишан во 1981 година за двете големи бугарски актерки Тања Масалитинова и Славка Славова. Текстот е за весела и тажна претстава, изграден како беседа на две актерки со публиката.
Во оваа постановка на „Театар, љубов моја“ играат четири актерки од четири различни генерации. Четири различни биографии и сензибилитети на сцената во една актерска „гримиорна“ – место каде актерите се шминкаат и преоблекуваат, но и место каде се раѓаат митовите и легендите за театарот.
- Час и половина приказни, случки, досетки, мали закачки и љубомори, кои ја прават актерската „кујна“ толку богата што секој би сакал да ѕирне во неа и да го осети нејзиниот мирис и вкус, вели режисерот на претставата Деан Дамјановски.
Драматург на претставата е Сашо Димоски, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Раде Василев, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерките Кица Ивковска, Зорица Панчиќ, Кети Борисовска и Талија Настова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
-

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори
-

Со пиштол сопреле автомобил и ограбиле татко и син кај Сарај
