Премиера на драмската презентација „Дениција“

Светска премиера на драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски вечерва ќе се одржи во Драмскиот театар во Скопје, која е во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз, Франција.
Во овој несекојдневен театарски потфат на режисерот Константин Плевнеш, кој е и автор на оригиналната музика, во улогата на Петре М. Андреевски настапува Рубенс Муратовски, во улогата на Дениција младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија, Саша Ефтимова од МОБ.
Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Марија Пупучевска, видео-арт Милчо Узунов, додека уметнички советник е Флориан Габер.
Во рамки на претставата користени се и пет слики на Сергеј Андреевски на тема „Дениција“.
Изведбата на претставата во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006).
Претставата е во копродукција со парискиот театар „Ici et la“, бидејќи поезијата на Петре М. Андреевски е преведена на француски јазик. Предвиден е и настап во повеќе европски метрополи.
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
