-->
-->
Премиер лига: Прва победа за Вест Хем и Билиќ сезонава
-->

Фудбалерите на Вест Хем ја постигнаа првата победа во новата сезона од Премиер лигата откако синоќа на домашен терен го совладаа новиот премиерлигаш Хадерсфелд со 2-0. Воедно тие се првите кои успеаја да ја затресат мрежата на голманот на Хадерсфилд Лоси.Стрелци на головите беа Обианг во 72.минута и Ајев во 77.минута.
Ова воедно беше и честитка за нивниот менаџер Славен Билиќ за 49.роденден.
Билиќ со триумфот го продолжи претстојот на клупата на „чеканите“, но отказот сеуште му се заканува ако не се подобрат резултатите.
Вест Хем е на 18.место на табелата со 3 бодови, пред Бурнемут и Кристал Палас кои немаат освоено бод.Хадерсфилд е на 6.место со седум бодови, колку што имаат: Тотенхем, Барнли, Ливерпул и ВБА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
