-->
-->
Премиер лига: Арсенал поразен од Евертон
-->
Екипата на Арсенал загуби на гостувањето во Ливерпул кај екипата на Евертон со 2:1, иако имаше водство од 1:0. На Гудисон парк Евертон успеа да го совлада второпласираниот тим на табелата и да ја продолжи серијата на натпревари без пораз на домашен терен. Ова за Арсенал е само втор пораз во шампионатот и двата ги доживеа од екипите од Ливерпул.
„Топџиите“ поведоа со голот на Санчез во 20.минута, а головите за Евертон ги постигнаа играчите од одбраната Симус Колмен 44.минута и Ешли Вилијамс 86 минута.
На вториот натпревар одигран вечерва Бурнемут го победи шампионот Лестер со 1:0 со голот на Марк Пух во 34.минута.
Другите натпревари до 16.коло се играа утре вечер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата