Македонија
1. August 2016 - 14:24

Преку ИПА проект ќе се создава бизнис мрежа Струмица - Кичево - Кукуш

 Почна спроведувањето на проектот „Бизнис мрежа Струмица - Кичево - Кукуш“ преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција. Целта е создавање поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион, за што ќе бидат обезбедени 238.000 евра, информираат од Одделението за меѓународна соработка и европски фондови на општина Струмица.

Во рамки на проектот објавен е јавен повик за избор на проектен тим кој ќе биде вклучен во реализација на проектот.

- Со Проектот се предвидена реализација на повеќе активности кои ќе имаат за цел зајакнување на капацитетите на бизнис секторот, вмрежување на фирмите од регинот Струмица, Кичево, Поликастро и Кукуш, како и нивна промоција преку организирање заеднички саеми, обуки и други јавни настани, информира на денешната прес - конференција, Елена Ќучукова.

На отворениот конкурс ќе се изврши избор на проектен тим и тоа проектен кординатор и финансиски службеник. Ангажманот на овие лица ќе трае 15 месеци. Конкурсот е достапен на официјалната њеб страница на општината www.strumica.gov.mk и ќе трае до 15.08.2016 година. 

- Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство на ЕУ проекти. Сите пријавени кандидати ќе бидат повикани на интервју и тестирање на англиски јазик во просториите на општина Струмица, рече Ќучукова.