Прегазени двајца пешаци во Кичево

Почина пешак од Кичево, а уште еден е повреден откако синоќа во 23:45 часот во нив удрил автомобил на ул. „Прилепска“ во Кичево.
Возилото „опел вектра“ кое удрило во педесет и четиригодишните пешаци Е.С. и С.С. го управувал М.Д.(36) од Кичево, кој го напуштил местото на несреќата.
Пешакот Е.С. од здобиените тешки телесни повреди починал на самото место, а С.С. се здобила со телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Кичево е пуштена на домашно лекување.
Како што информира МВР, 45 минути по полноќ возачот и возилото се пронајдени и при извршено алкотестирање е утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,02 промили. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кичево.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
