Предупредувачки протест на судската администрација, бараат повисоки плати

Вработени во судската администрација денеска излегоа на мирен едночасовен протест пред Основниот Кривичен суд во Скопје со барање за враќање на додатоците на плата до 35 отсто и итно донесување на законот за судска служба.
Протестот го организираа Независниот синдикат на судска администрација на Македонија и Здружението на судска администрација.
Јасмина Величкова претседател на судска служба на Македонија вели дека парите од додатоци се од плаќањето судски паушали и оти не зависат од Министерството за финансии.
- Да ни се вратат додатоците на плата. Тие додатоци се од судскиот буџет, не се од Министерството за финансии, бидејќи ние судскиот буџет го полниме од паушали. Бараме итно, како има пари за 78 отсто повисока плата за функционерите, европски плати за нив и за нас, изјави Величкова на протестот.

Потпретседателката на Здружението на судска администрација Рената Ѓоргиевска вели дека на протестот го изразуваат незадоволството од одлуката на Судскиот совет дека е одбиено нивното барање за исплата на најмалку 25 отсто додатоци на плата на судската служба.
- Освен што се одби ова барање, беше донесена и одлука со која се одбиваат додатоците и за мај 2023 година. Ова незадоволство го искажуваме затоа што 90 отсто од вработените во судската служба се на работ на егзистенција. Просечната плата е 25.000 денари, додека потрошувачката кошничка на четири члено семејство за мај е 50.000 денари, рече Ѓоргиевска.
Побараа од надлежните органи во Судскиот совет да се координираат и да ги обезбедат средствата за исплата на најмалку 35 отсто додатоци на судксите службеници до донесување на новиот закон на судска служба.
Доколку Судскиот совет не ги исполни нивните барања, судските службеници најавија по неколку часовни протести во сите судови низ државата, а подоцна и штрајк.
Ново на Сител
-

Шест возачи приведени во изминатото деноноќие за безобѕирно управување со моторно возило
-

Марихуана, кокаин и прашкасти материи пронајдени на повеќе локации, приведени пет лица
-

Хамилтон стартува од полпозицијата во Мексико Сити
-

Најмногу дожд во Струмица, минимална температура од нула степени на Попова Шапка, денеска врнежи низ земјава
-

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани
-

Втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница
-

ФБИ: Северна Кореја е одговорна за хакирањето на 6,3 милијарди долари во крипто-валути
-

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен
