Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека минатиот месец извршил четири кривични дела „тешка кражба“.
Како што соопшти Јавно обвинителство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Лицето на 6 мај годинава со алат и физичка сила ја скршило вратата од кафе-бар во еден трговски центар и одзело повеќе шишиња алкохолни пијалоци во вкупна вредност 25.664 денари.
На 23 мај по полноќ, тој исто така насилно влегол во билијард клуб и од касата одзел 28.692 денари.
Потоа на 25 мај наутро одзел уште 2.000 денари од касата во продавница во која влегол кршејќи ја вратата, а еден ден подоцна, на сличен начин, 2.000 денари одзел и од кутијата за пари во автомат за кафе во сопственост на правно лице.
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија