Пред претседателот Пендаровски презентирани реализираните активности на Армијата во текот на годината
Состојбата во функционалните области кои имаат влијание на борбената готовност на Армијата се во фокусот на брифингот на Армијата на Република Северна Македонија пред претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, што се одржува денеска во Домот на АРМ во Скопје.
На активноста пред врховниот командант на Армијата на кој присуствува и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, претставниците на кабинетот на претседателот и генералите во Армијата, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и директорот на генералштабот, бригаден генерал Симеон Трајковски ќе информираат за реализацијата на плановите и задачите и состојбата во Армијата во текот на 2023 година.
Брифингот е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот пред врховниот командант и е со цел претставување на состојбата во функционалните области кои имаат влијание на борбената готовност на Армијата.
Претседателот Пендаровски денеска подетално ќе биде запознаен и со состојбата и степенот на реализација на активностите во областите на персонален менаџмент, обука и вежби, операции во земјата и странство, опрема и инфраструктура, воено планирање и структура на сили, модернизација, буџетирање и финансирање.
Ново на Сител
-
Во март 79 отсто од потрошената струја од домашни извори
-
Мицкоски: Очекуваме поддршка од сите што се потпишани Гаши да биде претседател на Собранието
-
Димитриевски: Ќе го поддржиме Гаши за претседател на Собранието
-
Земјотрес регистриран во Скопје
-
Пожарникари од Радовиш цела ноќ гаснеле опожарена дабова шума, пожарот се уште активен
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени