Пред нас е посебна ноќ: Денеска ги славиме големите маченици - што треба да направите вечерва
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 јануари.
Денеска е Св. маченици Ермил и Стратоник.
Овие двајца маченици пострадаа во близина на Сингидунум, денешен Белград, во 315 година. Свети Ермил бил ѓакон кој многу се прославил со добродетелниот живот. Штом чул за него, императорот Ликиниј наредил да го затворат. Ноќта во затворот стражарот Стратоник го видел Ермила како разговара со еден ангел, по што се обратил и поверувал во Христа. Наредниот ден Ермил бил ставен на маки. Гледајќи како го измачуваат, Стратоник не можел да ги задржи солзите, со што било откриено неговото обраќање. После жестоко измачување и двајцата биле удавени во Дунав.
Овој ден се празнува и како денот пред Богојавление, па некаде се верува и дека пред полноќ, како и пред Богојавление, треб да се помолиме на овие маченици. Се верува дека моќта на овие светители прави чуда, односно дека пред нас е ноќ кога секоја желба се исполнува.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи