Празно плико издаде 23-годишна измамничка со лажни огласи на социјалните мрежи

По преземени мерки и активности, на 07.01.2026 полициски службеници од СВР Тетово во координација со СВР Скопје и со Единицата за економски криминал – Сектор за општ и насилен криминал при МВР расчисти три кривични дела „измама“ и едно „измама“ во обид, при што во Скопје ја лишиле од слобода А.Ј.(23) од Скопје. Имено, таа на социјална мрежа објавила оглас дека издава станови под наем во Тетово и телефонски ги убедувала да уплатат средства на сметка во една банка или преку возач на автобус да ги пратат во коверт во Скопје. Исто така, таа измамила е едно лице при уплата за резервација во хотел во Охрид. Додека, по остварен контакт со трето лице од Тетово за издавање стан, лицето пријавило во СВР Тетово, кои пак во координација со Единицата за економски криминал, преку возач на автобус испратиле празно плико, а откако таа дошла до возачот била лишена од слобода.
А.Ј. била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
