Православен молитвеник издаде Лешочкиот манастир

Манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ од тетовски Лешок издаде нов православен молитвеник на 176 страници.
Содржината со православни молитви е поделена во категориите: Утрински молитви, Вечерни, Молитви во текот на денот и за разни потреби, Кратки молитви, Mолитви пред и по секоја причест, Акатист кон Пресвета Богородица и Катихизис.
-Заради сета возвишена полезност на молитвата, Епархискиот црковно-просветен совет на Тетовско-гостиварската епархија реши да го издаде овој „Православен молитвеник“ што треба покрај Светото Писмо да е присутен во секој христијански дом. Да се моли значи да се комуницира со Бога со искрени желби и надеж дека овој молитвеник ќе ви помогне во делото на молитвата, вели во поговорот митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Главен уредник на изданието е владиката Јосиф, технички уредник протопрезвитер Александар Стојановски, а лектурата е на ѓакон Ѕвонко Трпевски. Молитвеникот може да се најде во црквите и манастирите на Тетовско-гостиварската епархија.
Ново на Сител
-

Валц во СБ на ОН: Мадуро и неговиот наркокартел ќе бидат лишени од ресурси
-

Изборот на новите министри на денешната 75. седница на Собранието
-

Ќе се разгледуваат претставки од граѓани на седница на Судскиот совет
-

Пет важни одлуки и девет иницијативи на последната седница на Уставен суд за 2025
-

Врховниот суд на САД го блокираше обидот на Трамп за распоредување на Националната гарда во Чикаго
-

Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет
-

Облачно со повремен дожд, на планините снег
-

Магла на Стража, слаб снег на Попова Шапка
