Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се враќаат во Собранието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да се вклучи во работата на Парламентот. Оваа одлука е донесена на денешниот координативен состанок со партискиот врв што заврши околу 11 часот, јавува МИА.
Од партијата не наведуваат детали зошто тие донесоа ваква одлука, само посочуваат дека претседателот на партијата Христијан Мицковски во 13 часот ќе одржи прес-конференцикја на која таа ќе биде образложена.
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 27. седница на која треба да бидат разгледани предлозите на претседателот Ѓорге Иванов, Осман Кадриу и Дарко Костадиновски да бидат нови уставни судии. На дневен ред на оваа седница е и Предлог законот за употреба на јазиците. Покрај 27. седница, за денеска се закажани уште пет други, каком и седници на Комисијата за политички систем и Законодавно-правната седница.
Ново на Сител
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
