Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на координација со партиското раководство
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред почетокот на продолжението на седницата на Комисијата за уставни прашања одржуваат координација со партиското раководство. Координацијата се одржува во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Почетокот на продолжението на Комисијата за уставни прашања на која треба да продолжи претресот за Предлогот за пристапување кон уставни измени е закажан во 14 часот.
Претресот по оваа точка на дневниот ред почна во средата. Предлогот за уставни измени го образложи премиерот Зоран Заев. Во дебатата по претресот учествуваа пратеници од сите пратенички групи, вклучувајќи ги и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа против дневниот ред.
ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе оддржи седница на ИК, на која лидерот на партијата Христијан Мицкоски, како што најавил за Плусинфо, ќе се заокружат подготвките за предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата