Познати кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје
Познати дел од кандидатите со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе атакува на градоначалничките фотелји во скопските општини.
Високи извори од партијата за Сител потврдуваат дека во овој момент речиси сигурни се кандидатурите за пет општини. Орце Георгиевски ќе биде кандидат на опозицијата за Кисела Вода, Дарко Костовски ќе ја бара довербата од граѓаните во Бутел а докторот Александар Стојковски ќе истрча во Ѓорче Петров. За општина Гази Баба кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседателот на локалниот ОК Бобан Стефковски. За градоначалник на град Скопје се уште во игра се неколку имиња но според нашите извори во опозицијата најмногу шанси има претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска. Слична е ситуацијата и во Аеродром каде во предност е Дејан Митревски. Во општина Центар според се уште не потврдени информации ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи кандидатот на партијата Глас за Македонија историчарката Наташа Котлар.
Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека конечна одлука ќе донесат највисоките партиски тела, Извршниот и Централниот Комитет кои свои седници треба да одржат за викендот.
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
