Познати дел од мерките на пензиската реформа во Франција

Францускиот премиер Едуар Филип денеска треба да ги открие деталите за пензиската реформа пред Економскиот, социјалниот и еколошкиот совет, по 18-те месеци консултации, додека Франција и особено Париз и парискиот регион се уште се блокирани од националниот штрајк, почнат пред седум дена. Првите детали за мерките од реформата веќе протекоа во медиумите, јавува дописникот на МИА.
Едуар Филип предупреди дека денеска нема да има „никакви волшебни најави“, но како што објави националното радио Франс Интер за последните мерки се одлучувало до доцна ноќеска во Елисејската палата.
Главната вест е дека оваа пензиска реформа нема да се направи за генерацијата 1963 година, како што претходно беше предвидено, туку за генерацијата 1975 година, почнувајќи од 2025 година. Таа, у-имено, ќе важи за оние кои ќе имаат 50 години на 1 јануари 2025 година. Датумот бил одобрен синоќа од страна на Емануел Макрон, кој до доцна ноќеска имаше состанок со министрите вклучени во реформата и кадрите на парламентарното мнозинството.
Осумнаесетгодишниците ќе влезат во новиот систем од 1 јануари 2022 година, датум кога ќе почне да важи целосната минимална пензија во висина од 1.000 евра.
На одредени категории на пензинери ќе им требаат неколку години за да ги обноват своите кариери, со помош на предложените бонуси, за да не бидат губитници, наведува еден од учесниците на состанокот. Тоа се однесува на наставниците, болничкиот персонал и полицајците.
Во пензија ќе се заминува на 64 години до 2027 година, со пораст на возраста од 2022 година. Макрон пред неговите министри го сумираше длабокото значење на реформата за која смета дека е „фер и историска“. Претседателот им објасни дека сака да ја „врати вистинска солидарност, откако во меѓувреме преовлада корпоратизмот“.
Одговорот на синдикатите ќе биде познат по објавувањето на реформата од страна на премиерот Едуар Филип.
Ново на Сител
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
-

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата
-

Сообраќајна контрола во Скопје: Осум возачи затекнати под дејство на алкохол
