Позната причината за смртта на Кетрин О’Хара

Објавени се повеќе детали за смртта на актерката Кетрин О’Хара.
Речиси две недели по веста дека ѕвездата на серијата Schitt’s Creek починала на 71-годишна возраст, како непосредна причина за смртта е наведена белодробна емболија.
Актерката, позната по улогите во филмовите Сам дома и Бубимир, не се појави на доделувањето на Златни глобуси 2026, каде што била номинирана за споредна улога во филмот „The Studio“.
Нејзиното последно јавно појавување, според текстот, било на доделувањето на Еми награди во септември 2025 година, кога имала двојна номинација за сериите „The Studio“ и The Last of Us.
Пред наводната смрт, Кетрин, која со сопругот Бо Велч има два сина – Метју (32) и Лук (28) – открила дека има ретка, но најчесто не животозагрозувачка состојба наречена situs inversus со декстрокардија, при што срцето и другите внатрешни органи се наоѓаат на спротивната страна од телото.
Според медицинските истражувања, причинителот на нејзината смрт била белодробната емболија, крвно згрутчување во белите дробови, додека ракот на ректумот, како хронична болест, бил наведен како основна причина која придонела за нејзината смрт, пренесува „Верајети“.
Телото било кремирано, а посмртните останки биле предадени на нејзиниот сопруг, Роберт Вилч.
О’Хара во последните месеци водела тешка борба со ракот во тајност, а јавноста дознала за нејзината дијагноза по смртта.
Кетрин починала на 30 јануари 2026 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
