Пожарот во Горно Мелничани локализиран
Големиот пожар во атарот на селото Горно Мелничани, Општина Центар Жупа, во чие гаснење од утрово интервенираа и два хелкоптери, е локализиран, но и понатаму постои опасност за негово активирање поради ветерот, потврди за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална протовпожарна единица.
– Поради опасноста од повторно распламтување, што во прилог на тоа оди ветерот и понатаму остануваме на терен. Значи на терен сеуште се над 100 лица, од пртовпожарната единица во Дебар и Гостивар, припадници на полицијата, специјалната полициска едница за брзи интервенции, од подружницата на „Национални шуми, како и вработени од општината, посочи Мифтароски.
Во меѓувреме, Одделението за внатрешни работи Дебар, до дебарското основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две лица, државјани на Република Албанија, под сомнение дека го прдизвикале пожарот во Горно Мелничани.
– Одделението за внатрешни работи Дебар, до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Л.Е.(32) и Е.Ц.(31) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, предвидено и казниво по член 227 од Кривичниот законик, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Пријавените, се сомничат дека го предизвикале шумскиот пожар во село Горно Мелничани, каде опожарени се над 15 хектари висоскостеблеста букова шума.
Ново на Сител
-

Сончево и топло со температура до 39 Целзиусови степени
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
