Пожарот на планината Готен се уште не е изгаснат
Се уште не е изгаснат пожарот на планината Готен, кој гори повеќе од две недели меѓу селата Покрајчево и Злеово во општина Радовиш.
Заради ветрот и непристапниот терен пожарот избувнува на други локации, како што е случај денеска кога гори на пет километри над селото Злеово.
Според градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, пожарот требало вчера да биде ставен под целосна контрола, но поради тоа што не се интервенирало од воздух поради зафатеност на авионите и хеликоптерите, денеска гаснењето продолжува на терен со ангажирање на педесетина пожарникари и вработени во шумските стопанства во Струмица и Радовиш.
Од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица информираат дека пожарот ги зафатил пониските делови од планината Готен со намален интензитет.
-Очекуваме денеска пожарот целосно да биде угаснат. На неколку места ќе реагираме и нема да дозволиме повеќе да гори, рече Никола Ристов од Подружницата на ЈП „Национални шуми“-Шумско стопанство „Беласица“ од Струмица
Според првичните проценки во пожарот изгореа над 200 хектари нискостеблеста шума.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова

