Пожарот кај кочански Костин Дол делумно локализиран
Пожарот кај кочанското планинско село Костин Дол делумно е локализиран, но сè уште не е ставен под контрола.
На терен и понатаму се над стотина припадници на Армијата, пожарникари, вработени во ЈП „Национални шуми“ и месно население, кои се обидуваат да го спречат проширувањето на огнот во правец на селото Цера. Силниот ветер, непристапниот терен и сувата вегетација го отежнуваат гаснењето во кое веќе двапати се ангажирани и армиски хеликоптери.
-Пожарот е локализиран на повеќе места, но проблем е гаснењето на северната страна поради специфичниот терен. Главен приоритет е да се спречи ширењето на огнот кон манастирот „Свети Симеон“ и да не се прошири на падините на Осогово во правец на селото Цера. Веќе трет ден луѓето кои интервенираат се на терен, но и покрај нивната физичка исцрпеност, намерата е до крајот на денот да ја ставиме состојбата под контрола, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
На итен состанок на Општинскиот кризен штаб беа донесени одлуки за зајакната координација на лицата кои учествуваат во гаснењето и да се забрани движење на граѓани во шумскиот појас освен на оние кои имаат имот на подрачјето зафатено од пожарот.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
