Пожарникари од Куманово заминуваат за Турција за помош и поддршка на загрозеното население
Петмина пожарникари во возила и опрема денеска заминуваат за Турција за да помогнат во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес, соопштија денеска надлежните од Територијалната противпожарна единица Куманово.
Командирот на ТППЕ, Дејан Илиевски рече дека нивна екипа заедно со возило и опрема тргнуваат денеска кон Турција.
-Имаат завршено обука за урнатини, конкретно за земјотреси. Верувам дека колегите ќе дадат максимум од себе, за да помогнат на загрозеното население, изјави Илиевски.
Пожарникарот што заминува во Турција, Душан Цаневски кој претходно беше прогласен и за најуспешен пожарникар, рече дека ќе се потрудат максимално да помогнат, да спасат живот.
-Важно е да помогнеме, изјави Цаневски.
И градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека пет пожарникари од Куманово со возило и опрема заминуваат да помогнат во реонот зафатен од земјотрес во Турција.
Во објавата, Димитриевски потсети дека на вчерашната вонредна седница на Советот, едногласно беше прифатен неговиот предлог за доделување на парична помош од Буџетот на Општина Куманово за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
-Средства во износ од 1.000.000 денари ќе бидат распоредени по 500.000 денари на двете држави, наменети за настраданото население од земјотресот кој се случи на 06 февруари 2023 година. Општина Куманово во духот на хуманоста и солидарноста ќе продолжува да помага на сите народи и држави во вакви исклучително тешки моменти согласно можностите, истакна Димитриевски.
Ново на Сител
-
Македонските фудбалерки со бод од гостувањето во Летонија ја завршија Лигата на нации
-
Гостиварчанец ја нападнал својата вонбрачна сопруга со метален предмет, а потоа ја силувал
-
Уапсен прилепчанец, криумчарел 13 кг тутун и текстил
-
Од актерство се живее ако многу се трудиш | Антонио Ташковски | ПРОфесија | Sitel Podcast 096
-
Утре без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Возачот кој со автомобил удри во толпа навивачи на Ливерпул останува во притвор
-
Трамп: Кина не го почитува договорот за царините
-
Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите