Пожарите во Хрватска ги загрозуваат населените места
Во текот на минатата ноќ во Далмација, во реонот на Бенковац, избиле 15 пожари, за кои постои сомнеж дека се подметнати.
Активни се уште три пожари, а во гаснењето учествува и војската.
- Дуваат силни ветрови и го отежнуваат гаснењето. Три-четири пожари во подрачјето на Бенковац ги загрозуваат куќите. Утрово добивме помош од воено-воздухопловните сили, па сега гаснењето ќе биде полесно. На помош пристигнаа и околу 17 војници, а наскоро ќе помогнат и пожарникари од другите жупании, изјави главниот командир на пожарникарската служба во Задарската жупанија, Жељко Шоша.
Според него, утринава во гаснењето учествувале четири канадери и четири ер-трактори, кои помогнале да се смири ситуацијата
Повеќе пожари избиле и долж магистралата, а огнот претставува закана за куќите и сообраќајот. Пожарникарски и полициски екипи моментно се наоѓаат на терен, а се претпоставува дека пожарите се подметнати.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска