Пожари регистирани низ цела Албанија
Албанското Министерството за одбрана го вклучи алармот поради зачестените пожари, кои се се поприсутни на целата територија на земјата.
Министерката Олта Џачка изјави дека само во месец март годинава регистрирани се 243 пожари од широки размери, што е за околу 95 отсто повеќе од лани, оценувајќи при тоа дека сите се намерно подметнати и оти тие се „чисти криминални и вандалски акти”.
– Станува збор за дела кои по логика и природа наликуваат на две капки вода со оние со поставување експлозив врз високонапонските столбови, кои можеби случајно се совпадна да се во истиот период. И не постои и не треба да има каква било политичка сила, независно од проблемите што ги има, да ги поддржува со оправдување или поттикнување преку јазикот на конфликт и насилство ваквите акти, кои ги нагласувам, зашто не и штетат на Владата, туку ризикуваат да бидат реална закана по животот и имотот на граѓаните, посочи Џачка.
Според неа најмногу пожари се регистрирани во подрачјето на Елбасан, Скадар и Пешкопеја, опожажарени се околу 250 хектри, пред се шума и маслинови насади. Кривични пријави заработиле 57 лица.
Таа упати апел до сите политички сили, сите политичари, неселективно, да се се придружат во осудата на таквите акти и заедно да се ангажираат во борбата против пожарите, а од граѓаните побара да бидат повнимателни.
Продолжува ангажираноста на припадниците на албанската армија, нагласи Џачка, во гаснењето на пожарите кои се активни на територијата на Албанија.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата