Македонија
28. јуни 2019 - 19:09

Пожар во Скопје - екипите на терен

Пожар попладнево зафати напуштен објект во центарот на Скопје, на улицата Максим Горки, спроти Соборниот храм, пренесува „Канал 5“.

13 пожарникари со неколку против пожарни возила успеаја да го изгаснат огнот. Од противпожарната бригада за Канал 5 ТВ велат дека брзо го локализирале и изгаснале огнот.

Нема повредени, а дополнително ќе се утврдуваат причините за избивањето на пожарот.