Пожар во ковид болницата во Тирана – навремена интервенција спречи трагедија
На првиот кат од Ковид болницата во Тирана, избувнал пожар, но за среќа нема жртви и повредени, благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица.
Во просторите на болницата биле хоспитализирани 70 ковид пациенти, а според првичните наоди пожарот избувнал во една од лекарските канцеларии.Министерката за здравство Огерта Манастирлиу беше во посета на болницата при што потврди дека нема повредени ниту меѓу пацентите, ниту меѓу здравствениот и друг персонал. За среќа, додаде, има само материјална штета.
-Овде се три одделенија кои обезбедуваат услуги на пациенти со ковид. Сакав лично да се уверам дека сите се добри. Како што може да се забележи, се работи за инцидент, за кој увидот треба да потврди од што бил предизвкан. Она што е важно е дека пациентите, медицинскиот персонал се многу добри. Нема за што да се грижите. Навреме се превземени сите потребни мерки, рече таа.
Ковид болницата е поранешното хирушко одделение на универзитетската клиника, кое беше транформирано во ковид поради зголеменот број заразени на кои им е потребноболничко лекување.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска