-->
-->
Пожар во авто-отпад во тетовско Непроштено
-->

Тетовските пожарникари попладнево интервенираа на голем пожар во авто- отпад во Непроштено. Пожарот го гаснеле шестмина пожарникари, а била искористена водата од четири камиони.
-Околу 16 часот и 30 минути бевме на местото на пожарот. Беше потребно да се донесат повеќе камиони и да се гасне огнот брзо бидејќи беа зафатени хаварисани возила. Според моја проценка изгореа 30-тина возила од околу стотина кои ги имаше таму. Беше опасно поради честите експлозии од возилата, а пламените достигнуваа и до 20 метри во височина, изјави Ука Алити, командант на тетовските пожарникари.
Пожарот бил изгаснат за два часа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
