-->
-->
Пожар на „Ленинова“ во Центар, изгореа два автомобили
-->

Два автомобила, „ауди“ и „матиз“, попладнево изгореа во Скопје на паркиралиштето меѓу зградите на улицата Ленинова, спроти драгсторот „Бети“.
Пожарникарите го изгаснаа пожарот, а се очекува да пристигне и увидна екипа од полицијата.
Како што велат минувачите – сведоци на настанот, прво се запалило возилото „ауди“, а потоа пожарот го зафатил и „матизот“.
Од полицијата која беше на местото на настанот, ни рекоа дека се чека увидната екипа за да се утврдат причините за пожарот.
Извор: Репортер.мк
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд
-

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани
-

Мерц: Русија сериозно ќе преговара за мир само под притисок
-

Зеленски: По нападите врз центрите за податоци на „Јандекс“, има помалку ботови и омраза на социјалните мрежи
-

Хрватска набавува јужнокорејски ракети со дострел до 500 километри, потврди Пленковиќ
-

МП за случајот со Михајлова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман
-

Ивановиќ: Црна Гора денеска ќе затвори три преговарачки поглавја со ЕУ
-

Ѓорѓиевски: Во Скопје в среда продолжува најголемата еко-акција досега
