Пожар на хрватскиот полуостров Пељешац уништи 70 хектари борова шума

На хрватскиот полуостров Пељешац вчера попладне избувна пожар што зафати 70 хектари борова шума, пред да биде спречено неговото ширење, изјави командантот на противпожарната служба на Дубровачко-неретванската Жупанија, Стјепан Симовиќ.
- Површината на пожарот е голема, на терен се 80-тина пожарникари. До неодамна на помош беа вклучени и два канадери. Ситуацијата сега е релативно добра и се очекува пожарот да биде успешно неутрализиран во текот на денот, изјави Симовиќ.
Според Симовиќ, пожарот е далеку од домовите и најмногу гори над ветерната електрана „Пониква“.
Ова е втор пожар во јужниот дел на Хрватска за помалку од една недела. Минатиот петок на ридот Велеч во приморјето на Дубровник изгореа 70 хектари густа борова шума. За пожарот е приведен 37-годишен маж, против кого е покренато обвинение.
Ново на Сител
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
