Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

ТППЕ Струмица уште од раните утрински часови е ангажирана на гаснење на пожарот на депонијата кај село Добрашинци. На терен интервенираат две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители, кои континуирано работат на локализирање и целосно ликвидирање на пожарот, објавија пожарникарите доцна попладнево.
Се додава дека во интервенцијата активно е вклучено и ЈПКД „Комуналец“ - Струмица, чија механизација работи на затрупување на депонијата со цел да се спречи повторно разгорување на жариштата.
-Пожарот е локализиран, но поради специфичноста на пожарите на депонии, екипите и понатаму остануваат на терен и работат на негово целосно гаснење и обезбедување на локацијата. Апелираме до граѓаните да останат смирени, да не шират непроверени информации и да ги следат официјалните известувања. Воедно, ги повикуваме сите на совесно однесување и избегнување активности што можат да предизвикаат нови пожари, се наведува во објавата
Се посочува дека ТППЕ Струмица ќе продолжи да ја следи состојбата сè до целосно гаснење на пожарот и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој на настанот.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
