Пожар кај езеро Треска, пожарникарите спречувани да го гасат пламенот
Пожар го зафати комплексот Треска, а пожарникарите биле спречени да влезат. Интервенирале на повик но кога пристигнале капијата била затворена. Побарале полициска асистенција за да го скршат катанецот на капијата. По некое време пристигнал директорот на комплексот и отклучил. Пожарот за тоа време се проширил на 3000 метри квадратни а гореле стрништа и ѓубришта.
- Во 17:15 е пријавен пожар на езеро Треска на површина од околу 3,000 квадрати зафатена од нискостеблеста шума и ѓубриште.
Интервенирано е со 2 ПП возила и 5 пожарникари и пожарот е локализиран.
Но при нашата интервенција наидовме со проблем. Капијата на езерото беше заклучена и не можевме да влеземе да интервенираме, побаравме асистенција од полиција но на лице место дојде Директорот на самиот комплекс езеро Треска и ја отвори капијата.
Но беше загубено време за брза интервенција поради затворената капија повеќе од 20-30 минути, изјави командантот на противпожарната бригада - Скопје Владимир Симоновски.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога