Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
По денешната престрелка на Бит Пазар, Алајдин Сулејмани (30) од Арачиново им подлегнал на тешките повреди. Тој почина во операциона сала на Државната клиника во Скопје, пишува весникот „Коха“.
Со неколку куршуми бил погоден во глава, во граден кош и во други делови од телото од засега непознати лица
Полицијата истражува дали денешното пукање има поврзаност со физичка пресметка меѓу две групи што се случи пред две недели.
„Денес (25.04.2025) околу 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата ‘Војдан Чернодрински’, во реонот на Бит Пазар, имало истрели од огнено оружје. На местото на настанот излегле полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, кои констатирале дека станува збор за вооружена пресметка, при што едно лице било тешко повредено и транспортирано во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс ‘Мајка Тереза’. На местото на настанот биле пронајдени повеќе чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – соопштија од МВР.
Ново на Сител
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко