ОН повика на поголема солидарност со Италија за мигрантите

Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди денеска повика на поголема меѓународна солидарност со Италија во справувањето со мигрантската криза.
- Тоа што се слулчува пред нашите очи во Италија е трагедија. Само во последнава недела на италијанските брегови пристигнаа 12.000 мигранти и бегалци, изјави Гранди, додавајќи дека се проценува оти од почетокот на годинава околу 2.300 лица ги загубиле животите во водите на Средоземното Море при обидот од Африка да стигнат до европскиот брег.
Според Гранди, спасувањето и грижата за овие мигранти не смее да биде проблем само на Италија.
- Станува збор за проблем од меѓународно значење. кој бара координиран и заеднички регионален пристап. Сега сме на почетокот на летото и доколку не преземемме некаква колективна акција, можеме да очекуваме уште трагедии во Средоземното Море, порача Гранди.
Според него, Европа треба повеќе да се ангажира за законски прием на мигрантите и бегалците, а меѓународната заедница треба да се насочи кон решавање на проблемите кои се причини за овој мигрантски прилив и кон зајакнување на борбата против кримучарењето и трговијата со луѓе.
Гранди посочи дека на многумина од мигрантите им е потребна здравствна заштита и психолошка помош, од причина што на патот кон Европа биле изложени на сексуалано насилство и стресни ситуации.
Според податоците на ОН; од почетокот на годината во Италија пристигнале 83.650 мигранти, што е за 20 проценти повеќе во однос на истиот период лани. Во центрите за згрижување на мигрантите во Италија во моментов се сместени околу 200.000 лица.
Ново на Сител
-

Судири меѓу демонстранти и полиција во Шпанија по смртоносна железничка несреќа
-

Вучиќ бил подготвен да употреби сила за да ја задржи власта - телефонски повици го натерале да се повлече
-

Облачно со услови за утринска магла
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
