Повик за е-барања од Платежната агенција

Од денеска до 30 септември годинава ќе може да се поднесуваат електронски (е) барања за финансиска поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година за подигнување нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини, набавка на добиток од признати организации на домашни одгледувачи и од увоз, како и набавка на пчелни матици од регистрирано одгледувалиште.
Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, средствата се наменети за подигнати лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини, набавка на добиток и пчелни матици во периодот од 01 јануари до 30 септември 2015 година.
Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции. Ставката на кофинансирање се зголемува во случаите кога баратели се млади земјоделци и кога инвестицијата е лоцирана во подрачја со ограничени можности и недостапни рурални заедници до висина од 75 проценти.
Право на користење средствата имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар, согласно Законот за земјоделство и рурален развој.
Барањата се поднесуваат исклучиво електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Во спротивно, нема да се разгледуваат.
Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување може да се преземе од e-baranje.ipardpa.gov.mk. За регистрација во системот сите заинтересирани странки потребно е да ги ажурираат податоците за земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар.
Електронски пополнетото барање за исплата потребно е да се преземе, отпечати и потпише и заедно со целокупната пропратната документација да се достави до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Детални информации заинтересираните можат да добијат во контакт центарот (02) 3097-460 или на е-маил адресата e-baranje@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.
Ново на Сител
-

Светско првенство во киксбокс: Бабовски победи, Смилевски загуби, Илковски се повреди
-

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина и почеток на ерата на супер-интелигенцијата
-

82-годишник почина по тепачка со 76-годишник за лежалка на плажа во Грција
-

Пациент тврди дека бил претепан од болничар, од установата пријавиле дека паднал од кревет
-

69-годишна жена од валандовско изгоре во пожар во сопствената куќа
-

Холанѓанец и Шпанец нападнале арачиновец во Аеродром
-

Мицкоски во Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки
-

Заминал на работа и исчезнал, неколку часа подоцна пронајден мртов на стадион со моторна пила до него
