-->
-->
Повеќе скопски населби и села в понеделник без струја
-->

В понеделник од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Пелагонија“, „Злетовска“, „Брсјачка буна“ и „Нов живот“ во општина Шуто Оризари.
Во периодот од 8:30 до 9 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Кондово, Кучково, Грачани и местото викано Веле Поле, а од 9 до 15 часот корисниците од улицата „Петар Поп Арсов“, кај Католичката црква и од улицата „Роза Луксембург“.
Од 9 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Гумалево, Дејковец, Добрино, Тисовица и Градовци во општина Зелениково.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во системот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
