Повеќе скопски населби и села утре без струја

Корисниците од селата Танушевци, Мирковци, Побожје, Малино, Бродец, Брест, Љубанци и Кучевиште, утре од 13 до 15 часот ќе останат без електрична енергија.
Од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Буковиќ, а од 8.30 до 11.30 часот корисниците од улицата „Тодор Циповски - Мерџан“.
Во временскиот период од 10 до 15.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Ловќенска“ под улици 2 и 4 во општина Карпош, а од 12 до 14 часот дел од корисниците од улицата „Хелсинки“.
Корисниците од викенд-населбата Матка ќе бидат без струја од 9 до 15 часот, а од 9 до 14 часот дел од корисниците од улиците „Страцинска“ и „Вашингтонска“ во општина Шуто Оризари.
Без снабдување со струја утре од 8 до 15.30 часот ќе бидат дел од корисниците од селото Кадино, каде краткотрајно ќе има прекин од 30 минути, во 8.30 часот и уште еднаш во 15.30 часот на индустриските објекти кои се во реонот на Дрма, како и Мралино и дел од Идризово во општина Илинден.
Од 8.30 до 9.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Севастополска“, „Рифат Бурџевиќ“, „Кримска“, дел од дуќаните од улицата „Кримска“ во општина Чаир, а од 8 до 12 часот дел од корисниците од улиците „Ибе Паликуќа“ и „Веле Марков“ во општина Ѓорче Петров.
Без струја од 8.45 до 15.30 часот, репетиторите на операторите над селата Света Петка, Чифлик и Барово во општина Сопиште, а од 9 до 13 часот дел од корисниците од улицата „Вера Јоциќ“ во општина Кисела Вода.
Од 10 до 12 часот без струја ќе бидат селата Радуша, Кондово, Рашче, Горно Свиларе, Орашје, Долно Свиларе и село Дворце во општина Сарај.
Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.
Ново на Сител
-

Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон
-

Уапсен возач кој во Кичево удрил 60-годишен пешак и го повредил
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
