Поведена постапка против осум лица за масовната тепачката на „Славеј Планина” во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовната тепачка што се случи на улицата „Славеј Планина” на 16 август годинава. Еден од осумеемина се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, еден за нанесување тешка телесна повреда што е казниво според член 131 став 1, додека шест се осомничени за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.
Како што се наведува во соопштението од Јавното обвинителство, до тепачката дошло поради нерасчистени семејни односи меѓу две групи. За обид за убиство е осомничено лице кое во тепачката користело дрвена даска со која тешко повредил едно лице од спротивставениот табор, нанесувајќи му фрактура на черепот со крварење на мозокот. Друг осомничен нанел тешка телесна повреда – скршена долна вилица, удирајќи со тупаници еден од останатите учесници во инцидентот. Сите останати се осомничени за учество во тепачката, која се случила на 16 август.
За осомничениот за обид за убиство, ценејќи ги сите околности под кои тој ги извршил дејствијата и фактот дека станува збор за млада личност која тукушто наполнила 18 години, но кај која сепак постои ризик од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото, јавниот обвинител предложи мерка куќен притвор. За останатите учесници во кривично-правниот настан предложени се мерки на претпазливост.
МИА
Ново на Сител
-

Во Србија разгледуваат скратување на училишниот час на 30 минути поради намалено внимание на децата
-

Холандија предупредува: Царините на Трамп за Гренланд би можеле да го распаднат НАТО
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан против Португалија
-

АХВ со вонредни контроли во маркети и хипермаркети
-

Затвореници во Гватемала преземаа контрола врз три затвори, држат 46 лица како заложници
-

ЕУ за царините на Трамп: Европа ќе остане обединета во зачувувањето на својот суверенитет
-

Денеска е Водокрст - навечерие на Богојавление
-

Променливо облачно, слаби локални врнежи од дожд и снег
