Потресна исповед на мајка: Мојата ќерка е грда и јас сум очајна поради тоа!
На една друштвена мрежа се појави потресна исповед на една мајка предизвика големо внимание и лавина на коментари.
Таа призна дека нејзината ќерка е едноставно „грда“ и дека нема убави црти на лицето, барајќи помош од другите, како своето девојче да го научи да биде среќна и задоволна со себе, наспроти критиките кои таа ги добива за нејзиниот изглед.
Ова е дел од емотивната порака:
Се мразам себе поради ова што го кажувам, не ме осудувајте – мојата 9 годишна ќерка е физички не активна. Од мене и сопругот го наследи најлошото, неговите очи и изразениот нос, како и мојата лоша градба и виткана коса. Еден лекар дури мислеше дека има Даунов синдром, иако е родена како сосема здраво дете, вака започна исповедта на оваа жена.
Загрижената мајка за време на пораката истакна дека бескрано ја сака својата ќерка, како и дека таа е полна со квалитети и добри особини, но дека е свесна дека сигурно ќе биде на мета со оние кои ќе се побиваат со неа во училиште.
„Како расте така децата повеќе забележуваат како таа изгледа. Некои и не се воздржаа, а тоа да не го прокоментираат. Дури кои од нив си ги прашаа родителите зошто мојата ќерка е толку грда. Затоа ми е страв, сите ќе ја потценуваат мојата ќерка и неикој нема да разбере колку е она забавна, дарежлива и чувствителна. Никој нема да разбере дека таа е дете кое ги спасува напуштените мачиња, ги враќа бубачињата на ливчињата и дава сладолед на другите деца, раскажува очајната мајка.
Таа додава дека поради тоа е неописливо тажна.
„Често плачам, плачам многу. Таа има добро срце и добар карактер. За неа животот ќе биде тежок, а таа тоа не го заслужува. Не знам како да се оттргнам од сопствената вина, бидејќи сама мислам дека моето дете не е неодоливо, напиша оваа загрижена жена.
Таа на крајот од текстот ги замоли мајките да и помогнат и да и дадат корисни совети.
„Ве молам не ме мразете поради се што напишав. Доволно се мразам себеси. Како да и одговорам на прашањето: „Убава ли сум мама?. „Сакам да и помогнам да израсне во здрава и среќна млада жена, која ќе може да му покаже на светот дека е прекрасна.
Таа доби поддршка од многу корисници, кои ги изнесоа своите совети како да го преброди ова...
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња