Потресна исповед на грабнатиот Србин во Либија: Џихадистите ме мачеа!

Мирослав Томиќ кој успеа да преживее киднапирање во Либија, ја раскажа својата потресна приказна и мачењата на кои бил подложен додека бил во заробеништво кај припадниците на терористичката организација Боко Харам.
-Не поминав ни 15 метри кгоа пред мене скокнаа тројца мажи. Веднаш знаев дека се припадници на Боко Харам, им ги видов црните кундаци, на кои пишуваше ИСИС. Ми ги врзаа рацете и ме пикнаа во багажникот од мојот џип. По некое време се заглавија во песокот, вели Мирослав.
Иако зборува арапски, се правел дека не ги разбира. Му наредиле да вози.

-Слушнав како рекоа: „Подобро да не го убиваме сега, туку да го искористиме“. Ми го скршија телефонот. Нивното непознавање на англискиот јазик ми го продолжи животот. Ми ставија нож под грло и ми наредија да ја преведувам навигацијата. Им преведував погрешно, купувајќи време, објаснува Мирослав.
Две илјади километри понатаму запреле.
-Бев три дена без вода и храна. Повремено ми даваа вода помешана со нафта за да ме одржат во живот. Во текот на ноќта некако успеав да ги прегризам конците. Утрото тие двајцата ме изведоа надвор, еден со вперена пушка, друг со нож. Ми рекоа да се помолам на Госпос. Помислив дека е подобро да умрам од куршум, отколку од нож, раскажува Мирослав.

-Кренав камен и го удрив војникот со ножот во препоните. Го кренав и го користев како штит. Третиот војник стоеше на работ и фаќаѓе сигнал од сателитот. Почна пукање, еден куршум ме гребна по чело, а другиот ми помина над увото. Паднав. Ми ги врзаа рацете и нозето, па ме врзаа за џип и така ме влечеа по патот, се до една долина каде ме оставија да искрварам на сонцето, раскажува Томиќ.
Животот им го должи на племето Црни Табу
Мирослав на нив пред два месеци пред киднапирањето им помогнал и командантот рекол дека сега им е брат. Кога слушнале за киднапирањето, тргнале во потрага.
-Десет дена Црните Табу ме негуваа ранет. Ме мачкаа со крв од антилопа за побрзо да ми зарастат раните. Во студените пустински ноќи ме грееја со своите тела. Патувавме така додека не стигнавме до болница, раскажува Мирослав.
Ново на Сител
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
-

Мицкоски: Овој 11 Октомври нека не биде само ден на сеќавање, зашто слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи
-

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е аманет дека слобода се добива со храброст, а држава се гради со труд, чест и одговорност
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
