-->
-->
Потресна божиќна порака на таткото на малиот Ајлан Курди
-->

Таткото на тригодишното момче чие безживотно тело беше пронајдено на брегот во Турција и стана болен симбол за бегалската криза, испрати емотивна поака до јавноста, да им се „отвори вратата“ на Сиријците ја божиќните празници.
Трагичната судбина на малиот Ајлан Курди, кој се удавил во морето откако се превртел бродот додека со своето семејсво бегале кон Европа, предизвика гневни реакции во целиот свет.
Со несекојдневна божиќна порака, која ќе биде емитувана на британскиот Канал 4, таткото на малиот Ајлан, Абдула ги повикува Британците да се стават на местото на бегалците кои очајнички се обидуваат да стигнат до засолниште.
„Би сакал целиот свет да им ја отвори вратата на Сиријците. Навистина е тешко кога ќе ви ја затворат вратата пред нос. Кога е вратата отворена не се чувствувате понижени.
Во овој период од годината сакам да ве замолам да размислите за страдањата на татковците, мајките и децата кои бараат мир и сигурност. Ве молам покажете само малце сочувство.
Ние Сиријците, ја напуштаме својата земја поради војната. Сите се плашиме за нашите деца, за нашето достоинство.
Моето семејство и јас заминавме во Измир, а од таму во Бодрум. Се качивме во брод за Грција, со цел да стигнеме до Германија или Шведска. Бевме во морето околу 4 до 5 минути, кога се преврте бродот и се случи тоа што се случи“, - гласи пораката на Абдул Курди.
Повеќе од четири милиони луѓе побегнале од Сирија од почетокот на граѓанската војна, а само оваа година 500.000 се обиделе да стигнат до Европа и Северна Америка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
-

Јаневска: Ценам дека резултатите се објективни - Просечната оценка од матурата – 3.66
-

Ручекот во ресторани и сместувањето во Охрид се поскапо
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
