„(По)трагите на водата- акварел од колекцијата на НГМ“ на изложба во Софија
Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена изложба „(По)трагите на водата - Акварел од колекцијата на Националната галерија на Македонија“.
Изложбата ќе презентира избор на дел од уметничките дела изработени во ликовната техника акварел од збирката на НГМ. Избрани се дела од најстарата генерација автори од современата ликовна уметност.
Меѓу авторите на акварелите застапени во колекцијата на Галеријата се Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Киро Караџа, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Василие Поповиќ-Цицо, како и познати имиња од соседните држави кои, покрај сликарството, работеле и акварели - Томислав Кризман, Јован Бјелиќ, Коста Хакман, Петар Лубарда, Предраг Милосављевиќ-Пеѓа, Никола Славин.
- Проектот беше замислен како изложба со патувачки карактер и беше поставена во повеќе градови низ Македонија. Реализирана е во соработка со Дирекцијата за култура и уметност- Скопје, и е во рамките на проектот „Кич, да!?/сте или не/“ поддржан од Министерството за култура, соопшти НГМ.
Гостувањето на изложбата во Софија го поддржува Министерството за култура. Ќе ја отвори директорот на КИЦ на РМ во Софија Васко Шутаров и кураторот на изложбата Елена Георгиевска, кустос во Националната галерија на Македонија.
Бугарската јавност ќе може да ги види акварелите од колекцијата на НГМ до 20 април 2016.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ
-
На граничните премини нема подолги задржувања
-
Пет референдуми денеска и утре се одржуваат во Италија – Мелони и власта воздржани
-
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-
Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис