Потрага по загинатите на Белиот остров
Воен тим од Нов Зеланд слета утрово на Белиот остров во потрага по телата на луѓето кои загинаа при ерупција на вулканот.
Полицијата наведува дека тоа е многу ризична операција и затоа се спроведува многу внимателно поради опасност од нови ерупции.
На Белиот остров, оддалечен 50 километри од источниот брег на Нов Зеланд, се уште излегува чад од вулканот кој, според мислењето на експертите, би можел повторно да се активира во секое време.
Бројот на загинатите се зголеми на осум, а според проценките на здравствените власти, билансот на жртвите не е конечен. Како исчезнати се водат 16 лица, а повеќе од 24 пациенти се наоѓаат на интензивна нега со тешки изгореници.
Островот е посетуван како популарна туристичка дестинација, а на денот на несреќата таму се наоѓале 47 туристи, меѓу кои најмногу австралиски државјани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес