Потпишан Меморандум за унапредување на состојбите во судството
Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија има за цел Меморандумот за соработка потпишан денеска меѓу министерката за правда Рената Дескоска, претседателката на Центарот за правни истражувања и анализи Лидија Стојкова Зафировска и новоназначената амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј. Соработката ќе се реализира до крајот на март 2020 година.
- Целта на оваа програма е подобрување на перцепцијата и довербата на јавноста во правосудниот систем пред се преку зголемување на транспарентноста на судовите, како и преку поддршка на реформите и зголемување на капацитетите на судството, се вели во соопштението од Министерството за правда.
Тoa ќе се одвива преку три компоненти од кои се очекува да спроведат објективна проценка на судските реформи во Македонија - преку следење на напредокот на реформите во правосудството, зајакнување на правната сигурност и предвидливост преку подобрување на правната рамка и обуки за судиите за постојана примена на правото, и последната компонента која подразбира отворање на судскиот систем во смисла на зголемување на неговата транспарентност и одговорност кон јавноста и граѓанскиот сектор.
Имплементатор на овој проект ќе биде Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА).
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево