Потпишан договорот за изградба на 14 училници во гевгелиската гимназија

Доградбата на западното крило од постојниот објект на гимназијата во Гевгелија, со новите 14 училници, ќе почне веднаш по Божикните празници според условите од договорот што денеска го потпишаа градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков и претставници на градежната фирма „Еуроинг“ од Гевгелија која на меѓународниот тендер понуди најповолни услови за изведување на работите.
-Се работи за уште еден значаен проект чија реализација ќе стартува на почетокот од идниот месец, односно веднаш по празниците. Изградбата на новите училници ќе ги подобрат условите за работа и ќе овозможат едносменско изведување на наставата кое на средношколскиот центар ќе му обезбеди голема енергетска заштеда, рече градоначалникот Поцков.
Беше најавено дека паралелно со ова во гимназијата во Гевгелија ќе се изврши и реконструкција на угостителскиот дел и ресторанот на училиштето. Реализацијата на проектот што треба да заврши за една година ќе чини околу 38 милиони денари од кои дел се обезбедени преку заем од Светска банка.
Според градоначалникот Сашо Поцков, значајно е да се одбележи дека проектот ќе се реализира со заштедените 23 милиони денари од блок дотациите што училиштето ги добивало изминативе осум години.
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
