Потенцијал за манастирски туризам во Македонија

Во македонската Стратегија за развој на туризмот се идентификувани 27 манастири кои нудат можности за развој на манастирски туризам. За развој на тој вид туризам Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот подготвува проект, кој е во завршна фаза. Целта прибирање податоци, евидентирање и поврзување на манастирите во Македонија, кои имаат и нудат услуги за сместување.
Проектот вклучува изработка на веб страна со електронски водич за верскиот и манастирскиот туризам и изработка на печатен промотивен материјал. Со тоа, според директорот на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски, ќе се добие уште еден комплетен туристички производ, што ќе значи опфаќање нов пазарен сегмент и повеќе туристи.
Глобалните трендови на туристичкиот пазар укажуваат на промена на преференциите на туристите што отвора можност за развој на нови сегменти на туристичката понуда. Според Светската туристичка организација, секоја година околу 330 милиони туристи посетуваат религиозни места или објекти во светот.
Република Македонија, посочува Џамбазовски, може да го понуди манастирскиот туризам од причини што на нејзина територија има 4.300 археолошки локалитети, 1.000 цркви и манастири, 230 објекти од отоманската архитектура и 43 кули и бедеми. Историски погледнато, манастирскиот туризам во нашата земја има долга традиција и постојат извори во кои се наведува сместувањето на патници и гостопримството на манастирите во минатото.
Според Џамбазовски, потенцијалот за манастирско сместување е голем, но, не секогаш е препознаен како таков.
Во Република Македонија постојат приближно 155 сочувани манастири од кои поголемиот број се од локален карактер, како и 99 кои се урнати или полуурнати. Меѓутоа, нагласува директорот на Агенцијата за развој на туризмот, голем е бројот на манастирите кои се од особен интерес за проектот и кои имаат регионално, национално, а некои од нив и интернационално значење.
- Издвојуваме 16 манастири кои „задоволуваат барем по еден критериум” за стационарен облик во туристичкиот промет, односно имаат можност за прифаќање гости во своите конаци. Во манастирите посебно се значајни конаците кои даваат солидна гаранција за добро сместување и квалитетен престој. Тие располагаат со вкупно 148 соби во кои се наоѓаат 694 легла, вели Џамбазовски.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде накитено од 10 до 15 декември, новогодишната прослава ќе биде со македонски изведувачи и без огномет
-

Ѓорѓиевски: Градските служби се на терен, Скопје е подготвено за најавените снежни врнежи
-

Сиљановска-Давкова: Насилството сите не боли, навредливо е и незамисливо
-

Неготинец си го натепал малолетниот син со метален предмет
-

Отстрането државно знаме во Гостивар, полицијата истражува
-

Приведени лица за повеќе случаи на семејно насилство, закани и злоупотреба во семејството
-

Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе
-

Два авиона на „Американ ерлајнс“ се судрија пред полетување во Вашингтон, нема повредени
