Бизнис
23. November 2026 - 13:12

Од полноќ нови цени на горивата

Од вечерва на полноќ стапуваат во сила новите, пониски цени на горивата, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Најголемо намалување има кај дизелот, кој поевтинува за 3,50 денари и од досегашните 92 денари ќе се продава за 88,50 денари за литар.

Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поевтинуваат за по два денари. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 84 денари.

Поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се намалува за 2,50 денари и ќе изнесува 98 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС се намалува на 48,110 денари за килограм.