Постојано присуство на брза помош на автопатот кон Грција
Медицински тим и возило на итна медицинска помош од денеска постојано ќе биде присутно на автопатот кон Грција, се со цел медицинската помош да биде што поблиску при евентуални сообраќајни несреќи, во услови на зголемена фреквенција на возила во текот на летото.
- Оваа наредба од Министерството за здравство важи за месеците јули и август. На терен наизменично ќе дежураат екипи од службите за брза помош при здравствените домови од Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Валандово, Гевгелија и Струмица, изјави доктор Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци.
Возилото со медицински тим ќе дежура деноноќно, или на 113 километар од Скопје каде што е денеска, или кај бензинската станица кај Демир Капија.
Поради зголемената фреквенција на возила на овој автопат во текот на летото и со цел медицинската помош да е што поблизу во случаи на сообраќајни несреќи, изминатите две години во текот на летниот период, на 113 километар од Скопје постојано дежураше возило на брза помош. Смените наизменично ги држеа вработени од Службите за итна медицинска помош од Кавадарци, Неготино и Валандово. Минатата година дежурството беше порано прекинато, заради ангажираноста на овие служби околу мигрантите во Гевгелија.
Ново на Сител
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот